header image
 

Џони Деп ти си бомба, би те запознала со мајка ми

Џони Дeп e непресушен извор на инспирација. Исто како што е залезот на сонцето за романтичните поети така е и Џони за девојките. Бујрум за сите оние кои ги гледале сите негови филмчиња и стопирале сцени за да го видат во крупен план – Amy Anne Band и “Johnny Depp”  

YouTube Preview Image

 

JOHNNY DEPP

Johnny Depp, you’re deep
I’d like to watch you when you sleep
And smell the shirt in which you slept
Johnny Depp

Johnny Depp, you’re hip
I’d like to bite your lower lip
And scrunch your Edward Scissor-hair
Johnny bear

You’ve got tattoos, one said “Winona”, I know
But you broke up with her, and now it just says
“Wino”

Johnny Depp, you’re cruel
You’re the harbinger of drool
Mow my lawn without a shirt
Johnny dirt

John A, John B, John C, John D, John EEEEEEE

Well, you like girls with foreign accents, tiny
waists,
I’m not a waif, but I could love you more than you
would
Probably deserve…

Johnny Depp, you’re the bomb
If you’d come to meet my mom
I’d cry a single, salty tear
Johnny dear

John A, John B, John C, John D, John EEEEEE

ЛИЛИ ВО ОПУШТЕНО

Актерките Маја Љутков, Соња Стамболџиоска и Славица Манаскова кои се дел од екипата на претставата “Лили” гостуваа на емисијата “Опуштено” со Тони и Део. Засега немаме видео материјал па постираме само фотографии. А кој сака и во живо да ја види “Лили” – секоја недела и секој понеделник во април во 22 часот во ноќниот клуб “Џубокс”.

opuste1

opust

opusten

Да изебеш добро една жена секогаш стимулира

Навистина, го оставивме блогот некое време на мирување. Но причината е што во март повеќе ја игравме претставата “Лили” во режија на Софија Ристевска отколку што пишувавме за неа. Само минатиот месец имавме 15 изведби пред полно кабаре “Џубокс”.

А во април, “Лили” ќе биде во “Џубокс”секоја недела и секој понеделник со почеток во 22 часот, а билетите чинат 250 денари. Изберете датум и резервирајте си место на телефонот 070 802 866 или на e-mail: lilivoskopje@gmail.com 

Извадок од делото “Кралот на Хавана” на кубанскиот крал на “валканиот реализам” Педро Хуан Гутиерез. Комплетниот текст на “Лили” е синтеза од делото на Гутиерез и текстот кој го напиша театарската екипа и делото на Гутиерез.

“Фредесбинда беше царица за пушење. Живееше горда со својот орален капацитет. Го стави во устата и почна да го цица. Потоа самата си го стави. Минџата и беше темна, но многу мускулеста и потентна. Реј се испразни три пати без да ја загуби ерекцијата, а таа продолжуваше да бара уште. Монистата на Реј ја полудуваа. Реј си ја триеше главичката од клиторисот на Фредесбинда и монистста го претворија Реј во човекот со ЗЛАТЕН КУР. На крајот свршија, потни, истоштени и малку спиеја. Реј се чувствуваше одлично. Да изебеш добро и да задоволиш една жена секогаш стимулира …”

Актерската екипа: Соња Стамболџиоска, Маја Љутков, Емра Кутришова и Славица Манаскова.

LILI

Објавена и првата театарска критика за “Лили”

Помина премиерата, изигравме уште некоја претстава и … падна и првата театарска критика. Лили ви ја носи критиката објавена во дневниот весник “Вечер” :

Лили сака да се ебе

Да сакаш курва, која е и сопруга и мајка, не може да биде љубов со среќен крај. Доминацијата на таа жена не може да ја издржи еден маж, колку и таа вистински да го сака. Мажот не е научен да го слуша и гледа тоа што обично го кажува и прави тој. Таа жена не можеш да ја спасиш од мршојадците, кои и додека е жива, но и по смртта се ненаситни на нејзиното тело. Тоа не може да го издржи ниту младиот Реј, замислен лик во “контроверзната” претстава “Лили”, што премиерно се одржа во ноќниот клуб Џубокс.

Храброста за првпат да изведат дело на кубанскиот крал на “валканиот реализам” Педро Хуан Гутиерез ја презедоа четири млади актерки, предводени од режисерката Софија Ристевска.

Соња Стамболџиоска, Маја Љутков, Емра Куртишова и Славица Манаскова дрско ја отвораат интимата на жената, преку ликот на провокативната Магда. Очекувањата од животот на една проститутка се исти како и на секоја друга жена, но начинот на живот и револт кон животот се премногу за младиот Реј. Провоцирање, понижување, љубомора… Подобро да го јадат мршојадци, отколку да ја дели со 500 мажи. Ја убива, па ја љуби, а на крајот умира и тој жртвувајќи се за нејзиното тело. Наоѓа мир, се успокојува, љубовта победува. Како Ромео и Јулија, ги споија душите далеку од алчниот и неправеден свет во кој се купува се, а се добива малку.

Реална слика во реален амбиент, женската екипа на “Лили” успеа да ја претстави модерната жена, каква што навистина е. Начинот на изведба со многу интеракција со малубројната публика, не остава рамнодушен. На девојките цензура не им треба.

(Д.М.)

Превземено од  http://www.vecer.com.mk/?ItemID=CD2711FA8C2CD74A9805E1CDC909F6E6

DSC_0210

Лили мириса на …

Ретки се оние луѓе кои се одлучуваат на било каков начин да поддржат театарска претстава во Македонија. Со оглед дека на овој блог ја имаме сета креативна слобода да кажеме што сакаме и да го кажеме на начин на кој што сакаме, екипата на претставата “Лили” вели – ПАРФИМЕРИИ SHATZE ВИ БЛАГОДАРИМЕ !!!

Тура свежи слободни термини

Пријатели,

слободните места за изведбите на  претставата “Лили” во режија на Софија Ристевска се пополнуваат од минута во минута. Повеќето од термините се распродадени  па затоа објавуваме нова листа на датуми за кои можете да резервирате карти:

10 март (среда)

15 март (понеделник)

16 март (вторник)

29 март (понеделник)

30 март (вторник)

Изведбите почнуваат во 22 часот во клубот Џубокс, а цената на картите е 250 денари. Може да резервирате на 070/802 866 и на меилот lilivoskopje@gmail.com

Дополнета листа на термини за “Лили”

Пријатели,

ја дополнуваме листата на термини на кои ќе се игра претставата “Лили” во режија на Софија Ристевска во ноќниот клуб “Џубокс” во Скопје.  

24 февруари (среда) – распродадена

28 февруари (недела)

1 март (понеделник)

2 март (вторник)

3 март (среда)

4 март (четврток)

Изведбите почнуваат во 22 часот, а картата чини 250 денари. Резервации може да се прават на 070/802 866 или на меилот lilivoskopje@gmail.com

Термини за претставата “Лили”

Пријатели,

Утврдивме 4 дати на кои ќе се игра театарската претстава “Лили” во ноќниот клуб “Џубокс” во Скопје.

24 февруари (среда)

28 февруари (недела)

2 март (вторник)

4 март (четврток)

Почеток на претставата е во 22 часот. Поради тоа што по 25 луѓе ќе може да ја гледаат секоја изведба на “Лили” ќе треба да се резервираат карти. Телефонскиот број на кој ќе може да направите резервација е 070/802 866.

PLAKAT LILLY pecat

Кои се “Лили”? По некој збор за екипата

Кои се “Лили”? Збор – два за луѓето кои стојат зад оваа театарска претстава.

Софија Ристевска – режија

Има дипломирано на Отсекот за режија на Националната академија за театар и филм “Крсто Сарафов” во Софија, Бугарија. Досега има режирано повеќе претстави во Бугарија како и низ националните театри во земјава. Важи за еден од попродуктивните македонски режисери од новата генерација. Нејзин последен проект е претставата “Жени” во велешкиот Народен театар. Во оваа претстава, исто како во “Лили”, играат 4 жени со што таа ја продолжува серијата на креативни истражувања каде жената е стожер на приказната.

Клип за последниот проект на Софија, претставата “Жени”:

YouTube Preview Image

Соња Стамболџиоска – Лили

Дипломирала на Отсекот за актерска игра при Факултетот за драмски уметности во класата на режисерот Владимир Милчин во 2005 година. Ја толкуваше главната женска улога во претставата “Кралот Иби” во режија на Бојан Трифуновски во Македонскиот народен театар. Во оваа претстава играше заедно со Игор Џамбазов. Игра и во претставата “Мара Сад” во истата театарска куќа. Дел е и од екипите на повеќе македонски филмови како што се: “Превртено” на Игор Иванов – Изи, “HEY!“ на Васил Христов, “Замена“ на Марија Џиџева и “Панкот не е мртов” на Владимир Блажевски.

sonja

Маја Љутков  - Лили

Дипломирала заедно со Соња во класата на режисерот Владимир Милчин. Дел е од екипата на велешкиот Народен театар. Има играно во најуспешните  проекти на оваа театарска куќа како “Џинот Учителот” во режија на Деан Дамјановски, “Чернодрински се враќа дома” на Мартин Кочовски како и “Жени” во режија на Софија Ристевска и многу многу други.

maja

Славица Манаскова – Лили

Дел од генерацијата по актерска игра која дипломира на ФДУ во 2009 година, а ја водеше режисерот Владимир Милчин. Уште пред да се запише на ФДУ игра во популарниот филмот “Илузија” на Светозар Ристовски. Тука ја портретираше надмената и промискуитетна Фани, сестра на главниот лик во филмот – малиот Марко. Прв професионален ангажман во театарска претстава и е во “Жени “ по што ја продолжуваат соработката во режисерката Софија.

slavica1

Емра Куртишова – Лили

Исто така дипломец во класата на режисерот Владимир Милчин во 2009 година. Забележлива е нејзината изведба во дипломската претстава “Вртелешка” по текст на Артур Шницлер каде ја игра слатката девојка. Се појави во омнибусот за Скопје “Д Скопје” во делот што го режираше Саша Станишиќ.

emra

Фотографија: Емилија Маневска

Си ги соблече сите алишта. Излезе гол на дождот …

Екипата која стои зад претставата “Лили” е речиси комплетно женска – една од малкуте “машки раце” вмешани во подготовката е таа на кубанскиот крал на “валканиот реализам” Педро Хуан Гутиерез. Дел од неговото дело “Кралот на Хавана”  се користи во претставата во режија на Софија Ристевска која ќе се игра во скопскиот ноќен клуб “Џубокс”.  Ова е прв пат да се поставува дело на Гутиерез во Македонија.

Во “Лили” играат Соња Стамболџиоска, Маја Љутков, Емра Куртишова и Славица Манаскова. Премиерата е закажана за 24 февруари.

Уште еден доза Гутиерез:

Дождот започна да врне силно. Имаше град и молњи. Си ги соблече сите алишта. Излезе гол на дождот. Се изми. Се излади. Водата никогаш не му се допаѓаше, но оваа студена вода го расположи. Си го изми курот, јајцата, се изми најдобро што можеше, дури доби и ерекција. Курот не му се спушташе. Го издрка и … каков ќеф… започна да мастурбира додека си играше со водените струи. Го нишаше и се смееше. Го исфрли семето. Многу семе. Се успокои и продолжи да се мие под дождот.

Времето тече поинаку за бедните. Тие немаат пари и поради тоа немаат кола ниту можат да се прошетаат и да патуваат. Бедниот во една бедна држава може единствено да чека времето да помине додека не дојде неговиот час. Во тоа време, од раѓањето до смртта, е најдобро да се обиде да не си ја бара бељата. Но понекогаш човек сам си создава проблеми. Тие како да паѓаат од небото. Ете така бесплатно. Без да си ги предизвикал.

pedro_juan_gutierrez